Намалено количеството на собран комунален отпад во 2013

27

Вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија, во 2013 година, изнесува 554.938 тони, а споредено со 2012 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 147.220 тони или 26,5% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 439.571 тони или 79% се собрани од домаќинствата, а останатите 21% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија, во 2013 година, изнесува 792.785 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител, во 2013 година, изнесува 384 кг по жител, што е за 0,6 % повеќе од истото количество во 2012 година.

Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се отстранува на депонија и не се спроведуваат други операции за постапување со комуналниот отпад.