Намалено органското производство на жито и мед, зголемено на зеленчук и овошје

Во Република Северна Македонија во 2022 година, површините со органско производство на житни култури изнесуваа 2 486 хектари и беше остварен принос од 3 869 тони.
Во однос на 2021 година, органското производство на житните култури е намалено за 1.8 %, кај индустриските култури производството е зголемено за 48.1 %, кај фуражните култури производството е намалено за 16.3 %, производството на зеленчук е зголемено за 84.2%, кај овошките производството е зголемено за 30.2 % и 10.9 % е зголемено производството на органски лозови насади.
Вкупниот број на органски говеда е 7 821 грло и во вкупниот број говеда учествува со 4.8 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 16.1 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 6.4 %. Производството на органски мед во 2022 година е намалено за 25.5 % во однос на 2021 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 14.6 %.соопшти Државниот завод за статистика.