Намалено производството на млеко во земјава

55

Производството на кравјо млеко во 2019 година изнесува 390.903.000 литри што е за 3,3% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на производството во 2019 година е забележано и кај овчото млеко за 4% и кај козјото млеко за 26,2% во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 0,4%, а производството на свинско месо е зголемено за 3,5% во однос на претходната година. Производството на другите видови месо во однос на претходната година е намалено.

Од другите добиточни производи, во 2019, во однос на 2018 година, забележано е намалено производство на јајца и на волна.

Фото: Pixabay