Намалено производството на шумски производи во државните шуми

18

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2015 година, во однос на второто тримесечје од 2014 година, е намалено за 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај друго заоблено дрво од иглолисни, просторното
дрво од иглолисни, рудничкото дрво од листопадни видови и огревното дрво од иглолисни и од листопадни
видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и од листопадни видови,
рудничкото дрво од иглолисни видови и кај другото заоблено дрво од листопадни видови.