Намалено производството на вино во светот поради пандемијата

27

Глобалното производство на вино ќе остане под петгодишниот просек оваа година поради нискиот обем на производство во Јужна Америка и ограничувањата во Европската унија поради пандемијата на коронавирус, објави Меѓународната асоцијација на производители.

Оттаму прелиминарно проценуваат дека оваа година ширум светот треба да се произведуваат помеѓу 253,9 и 262,2 милиони хектолитри вино, или во просек 258 милиони хектолитри.

Тоа би значело дека производството ќе остане под просекот втора година по ред, откако во 2018 година се приближи на рекордно високо ниво, соопшти организацијата со седиште во Париз.

Фото: Pixabay