Намалување на цените на ски билетите на Попова Шапка

37

Ски – центарот Попова Шапка ги намалува цените на ски – билетите. Со намалувањето, од сабота (30.01.2021) до крајот на сезоната билетите ќе можат да се набават по пониски цени.

Дневен ски билет – 800  денари.

Полудневен ски билет – 550 денари.

Детски ски – билет – 400 денари.

Ноќно скијање – 400 денари.

Поединечен билет за двосед Син Врв – 150денари.

Поединечен билет за шестоседата жичница Лајтнер – 150 денари.

Поединечен билет за двосед Св. Илија – 100 денари.

За сите билети во ски – центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари. Средствата од кауцијата се рефундираат при враќање на ски – билетот на благајната.

И покрај пандемијата од Ковид 19, аки – центарот Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона. Од тие причини, новото раководство на ЕЛЕМ ТУРС, Друштво кое стопанисува со ски – центарот Попова Шапка донесе одлука за намалување на цените на ски – билетите и на билетите за едно возење на жичниците во ски – центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на ски – центарот на скијачите, бордерите и посетителите на ски – центарот.