Намалување на прометот во трговијата на мало во декември

40

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,9%, а реално за 2,2%).

Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 0,2%, а реално остана на исто ниво.