Намалување на прометот во трговијата на мало во мај

21

Во трговијата на мало, во мај оваа година, во споредба со истиот период лани, намалување на прометот е забележано во повеќе групи меѓу кои е и трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 6,2%, а реално за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување во прометот е забележани кај трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и тоа номинално за 0,7%, а реално за 11,3%, Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 3,4%, а реално за 2,9%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5,5%, а реално за 7%).