Намалување за 14% на прометот во индустријата на домашниот пазар

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 106.6.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2013, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 14%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст од 23,8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5,7%.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,5%, Капитални производи за 57% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,4%.

Индексот на прометот во индустријата во декември 2013 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 95.9, додека во периодот јануари-декември 2013 година, во однос на периодот јануари- декември 2012 година, изнесува 106.9.