Namba Parks – трговски центар со градини на осум ката

86

namba park

Кога зборуваме за трговските центри, првата асоцијација е огромен простор исполнет со голем број продавници, огромни сјајни излози, како и гардероба и предмети од познати брендови. Но, Namba Parks, огромен трговски комплекс во Осака, Јапонија, во целост го менува стереотипот за трговските центри.

namba

Овој огромен трговски центар, изграден на локација на стариот стадион за безбол, е довршен во 2003 година. Најинтересен дел се градините кои се простираат на осум нивоа, во чии рамки има тревници, потоци, езерца, дури и простор за одгледување зеленчук.

namba 1

Проектот Namba Parks започна по затворање на стадионот и во тој момент претставуваше голема прилика за ревитализација на овој кварт каде што има железничка станица и аеродром. Бидејќи станува збор за прва локација со која туристите се соочуваат при доаѓањето во Осака, сопственикот на земјиштетото инсистирал овој репрезентативен проект да го прикаже во сосема поинаков светло. Поради тоа, по нарачка на Nankai Electric Railway, компанијата Jerde partnership го осмисли Namba Parks како огромен зелен простор и оаза сместена во Осака.

namba 2

Проектот вклучува и развој на деловна кула од 30 катови и трговски центар, но она по што Namba Parks е посебен е паркот на покривот кој се простира на осум нивоа и на минувачите им даваат чувство дека се наоѓаат среде природа, а не на покрив на трговски центар. Веднаш под паркот има продавници, ресторани и клубови. Има поставено и тераси наменети за настапи во живо и концерти, како и градини за одгледување зеленчук и продавници.

namba 3