Наменски станбен кредит на Шпаркасе Банка и City View Coondominium

32

Шпаркасе банка нуди наменски станбен кредит во соработка со City View Coondominium. Како што стои во соопштението од банката, овие кредити се наменти за купување станбен простор што го гради инвеститорот С-АМЦ 1 Дооел Скопје и опфаќаат:

  • атрактивна фиксна каматна стапка во првите пет години
  • без трошок за проценка на имот во првата година
  • без провизија за одбрување на кредитот
  • бесплатана полиса за осигурување на домот во првите две години
  • попуст од 10% на цената на становите заклучно со 31.10 2018

Рокот на отплата на кредитот е до 30 години, со минимално сопствено учество од 15%. Кредитот е наменет за лицата кои својата плата ја примаат преку Шпаркасе банка. Доколку лицата не ја примаат платата во Шпаркасе банка, а сакаат да аплицираат за овој производ, мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена, од датумот на склучување на договорото за кредит.

Инаку, станува збор за луксузниот станбен комплекс од затворен тип на домување, City View Condominium Resort којшто вклучува 66 апартмани со големина од 55 до 121 м2, лоциран на само 6 километри од Скопје, надвор од сообраќајниот метеж и градската гужва, на падините на Водно во општина Сопиште.

Повеќе детали за потребните документи и начинот на аплицирање ќе најдете на следниот линк.