Направен материјал што ги штити старите згради од земјотреси

70

koncentrat

Фото: YouTube

Научници од Универзитетот на Британска Колумбија развија еластичен бетон што ја прави надворешноста на зградите цврста како челик и може да издржи силни земјотреси. Материјалот наречен Eco – friendly Ductile Cementitious Composite (EDCC) заменува голем дел од цементот со индустриски нус – производ наречен “летечки пепел“, пишува Engaget.

“Оваа индустрија произведува околу 7% од глобалните емисии на штетни гасови. Заменувајќи скоро 70% од цементот со ‘летечка’ пепел можеме да ја намалиме количината на цемент што се користи. Ова е многу важно бидејќи за производство на еден тон цемент во атмосферата се испушта еден тон јаглерод диоксид“, вели професорот Неми Бантиа од Универзитетот на Британска Колумбија.

Финалниот продукт е сличен на челик и е поиздржлив и пофлексибилен од обичниот бетон.
За да го тестираат пронајдокот, научниците прскале EDCC на бетонски блок ѕидови и симулирале земјотрес со интензитет од девет степени.

“Резултатите од овие тестови беа неверојатни, ние го разнишавме ѕидот без да се урне“, вели Салман Солеимани Даштаки од Универзитетот на Британска Колумбија.