Новата реклама на шведскиот произведувач на мебел Икеа, на интересен начин покажува како просторното решение може да направи место за важните работи во животот.
Песната за рекламниот спот Living together е на инди/фолк – рок бендот An Escape Plan и вокалите на Кејт Вилијамс и Крег Браун. Песната е всушност преработка на песна на Bee Gees од 1979, иако многу се разликува од оригиналот.