Направиле грешка и продавале биткоини со 88% попуст

50

Најпопуларната криптовалута во светот доживеа пад во изминатиот период, откако достигна рекордна вредност што надминува 58.322 долари.

Сега биткоинот вреди околу 48.000 долари, а во меѓувреме е направена голема грешка во којашто оваа дигитална валута се продавала за само 6.000 долари.

Една од најголемите менувачници за криптовалути во јужна Азија, Pdax, направила огромна грешка поради која биткоинот се продавал по многу ниска цена, со попуст од околу 88%.

Сега менувачницата од Филипините ќе поднесе тужба против сите оние кои не планираат да ги вратат евтино купените биткоини.

Не станува збор за хакерски напад, туку поради техничка грешка предизвикана од масовен пораст на тргување.

Фото: Pexels