Напуштањето на фосилните горива ќе трае 30 години

Министерот за финансии на Саудиска Арабија Мохамед ал Џадан денеска изјави дека енергетската транзиција, односно напуштањето на употребата на фосилни горива ќе трае со децении, веројатно 30 години.

Ал-Џадан ја даде оваа оценка во говорот на големата инвестициска конференција во Саудиска Арабија „Форум за идни инвестиции“ (ФИИ), пренесува Ројтерс.