Напуштен затвор станува туристичка атракција

27

Напуштениот вулкански остров што се наоѓа во Тиренското море, а на којшто пред 56 години се наоѓал функционален затвор, италијанските власти планираат да го претворат во туристичка атракција што ќе биде отворена за туристи до 2025 година.

Во напорот да го поттикне туризмот во тој регион, властите сакаат да го заживеат островот и да го претворат во музеј на отворено, пренесува CNN.

Слично како озлогласениот Алкатраз, Италија од напуштениот затворски остров ќе направи туристичка атракција. Според планот, затворската пекарница ќе биде претворена во кафуле, а фудбалската соблекувална во хостел.

За овој проект се одвоени 86 милиони долари, а ќе претставува своевиден музеј на отворено. Освен како музеј што ќе потсетува дека на тоа место порано имало затвор, овој простор ќе биде центар што ќе привлече уметници од цела Европа.

Некои од објектите ќе бидат реновирани и ќе ги имаат истите функции како пред неколку децении, а некои ќе бидат целосно пренаменети.

Инаку, станувало збор за казнено – поправниот завод Санто Стефано, којшто е отворен во 1795 година и располагал со 99 ќелии, бил под строг централизиран надзор, казните биле прилично сурови, а количините на храна исклучително мали.

Фото: Pexels