Народна банка ја затвори Еуростандард банка

94

Народната банка денеска ја затвори Еуростандард банка поради неисполнување минимални законски услови за работење, пренесува МИА.

Затворањето на банка, според гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.

Согласно состојбата до 31-ви јули оваа година, обештетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари, а останатите 780 депоненти нема да бидат обештетени или нема да бидат обештетени во целост затоа што ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

“Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање“, рече гувернерката.