Народна банка: Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во октомври

40

Народната банка соошти дека на годишна основа, вкупните депозити забележаа раст од 5,5 %, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите. Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,7 %, што произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора.

Според анализите на Банката, најзастапените категори кредити за физички лица – потрошувачките и станбените, во октомври забележале зголемување од 0,4 % и 1,1 %, како и годишен раст од 8,8 % и 14,2%. Кај автомобилските кредити, пак, е остварен месечен и годишен пад од 2,6 % и 9,8 %, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,5 % и 3,6 %, на месечно и годишно ниво.

Во октомври, негативните салда на тековните сметки бележат месечен раст од 3,3 %, додека на годишна основа се намалени за 9,2 %. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 0,7 и 6,8 %.

Како што соопшти Централната банка, паричната маса забележа месечен пад од 0,2 %што во целост произлегува од намалувањето на депозитните пари, во услови кога готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити остварија раст на месечна основа. Паричната маса на годишна основа е зголемена за 7,3 %, во најголем дел како резултат на растот на депозитните пари, при помал раст на готовите пари во оптеки краткорочните депозити, додека долгорочните депозити до две години забележаа пад.

Кај вкупните депозит е остварен пад од 0,2 % на месечна основа, кој во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот “домаќинства”, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 5,5 %, како резултат на зголемувањетона депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот “домаќинства”.

-Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3 % што целосно се должи на повисокото кредитирање на“домаќинствата”, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор.Годишната стапка нараст на кредитите изнесува 6,7 % и е под влијание на зголеменото кредитирање на двата сектора, со повисокоучествона секторот “домаќинства”, наведува Централната банка.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври се намалени за 0,1 %. Надолната месечна промена произлегува од падот кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари, во услови нарасткај останатите компоненти. Во споредба со истиот период од претходната година, растот на депозитите изнесува 6,9 % и се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари.

-Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор забележаа минимален месечен пад од 0,1 %, што е резултат на намалените кредити одобрени во странска валута, додека кредитите во денарибележат раст. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 4,4 %, како резултат на зголеменото кредитирање воденари и странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута, стои во соопштението на НБРСМ.

Во октомври, вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,2 %, што во поголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, при остварен пад и кај долгорочните и краткорочните депозити во денари, во услови на раст на долгорочните и краткорочните депозити во странска валута. Нагодишна основа е остварена стапка на раст од 5,6 % што произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, додека останатите компоненти бележат пад.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, во октомври е евидентиран месечен и годишен раст од 0,7 % и 9 % соодветно. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити (учество од 81,9 и 73,1 %, соодветно), соопшти Народната банка.