Народната банка на Романија со апликација за дизајнирање банкнота со сопствениот лик

61

thumb

Народната банка на Романија (Banca Naţională a României) лансираше мобилна апликација посветена на националната валута леата.

Апликацијата наречена LeulRomânesc, ги опишува безбедносните карактеристики и дизајн на банкнотите и им овозможува на корисниците да видат како изгледаат под ултравиолетова светлина. Апликацијата има дел и за монети.

Корисниците можат да ја посетат интернет страната со генерални информации околу Народната банка и да играат интерактивна игра, односно да дизајнираат банкнота на која можат да го стават сопствениот лик.

Апликацијата е бесплатна и може да се користи на iOS и Android уреди, а достапна е на романски и англиски јазик.