NASA ја одбра Nokia за поставување на првиот комуникациски систем на Месечината

31

Американската вселенска станица, NASA ја избра Nokia за партнер во поставување на комуникациски систем на Месечината, како еден од предусловите за одржливо човечко присуство на Земјиниот сателит, соопштуваат од финската компанија.

Според договорот со NASA, Nokia ќе го гради првиот 4G комуникациски систем во вселената до 2022 година, со што ќе ја отвори “вратата“ за присуство на луѓе на Месечината.

Целта на NASA е да врати луѓе на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочна човечка присутност во рамки на програмата Artemis.

Се очекува мрежата да ги пружи клучни комуникациски можност за различен пренос на податоци, вклучувајќи управување и контрола, далечинско управување со лунарни ровери, навигација во реално време и пренос на видеозаписи со висока резолуција.

Фото: Facebook