NASA Space App Challenge викендов во Скопје

12

seavus nasaОстануваат уште само три дена до првиот голем настан на NASA во Македонија, NASA Space App Challenge.

NASA Space App Challenge е најголемиот hackathon настан во светот според бројот на пријавени учесници, чија цел е решавање предизвици за изнаоѓање корисни open-source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената.

NASA Space App Challenge во Скопје и светот на едно место ќе обедини програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти кои групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на земјата.

Најдобрите решенија ќе бидат наградени, а проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата за подоцна да се вмрежат со победничките решенија на интернационално ниво.

Дводневниот настан ќе се оддржи на 20 и 21 април на 75 локации во светот и ќе инкорпорира предизвици од хардвер, софтвер и визуализација на податоци.

Досега на настанот во Скопје се имаат пријавено над 90 учесници, а пријавувањето е отворено сe до започнувањето на настанот во сабота (20.04.2013).
Организираторите на настанот ги охрабруваат сите програмери, инженери, ентузијасти и креативни луѓе кои досега не се пријавиле, да ја искористат можноста да бидат дел од овој голем светски настан.

Главен покровител на настанот е најголемата ИТ компанија во Македонија Seavus.
Пријавувањето за настанот се врши на следниот линк: http://spaceappschallenge.org/location/skopje/