Населба во Лондон ќе ги грее домовите со вишокот на топлина од железница

55

Населбата Ислингтон што се наоѓа во Северен Лондон ќе ги снабдува своите жители со греење добиено од вишокот на топлина од лондонската железницата Northern Line, пишува Inhabitat.

Стотици куќи и деловни простории ќе го искористат овој евтин извор што исто така ќе придонесе и за намалување на штетните емисии во воздухот.

Вкупно 450 единици се очекува да се греат од “отпадната топлина“ на железницата оваа зима. Според истражувањата речиси 38% од побарувачката за греење може да се задоволи на овој начин, односно од вишок на топлина.

Ова не е прв случај на користење невообичаени извори за добивање на енергија во земјата. Фабрика за шеќер во Норфолк ја “дава“ вишокот на топлина од готвењето на сируп на стакларник каде што се одгледува медицински канабис.

Фото:Pixabay