Наскоро почнува изградбата на фабриката за првиот турски автомобил

95

Изградбата на фабриката за производство на првиот турски автомобил е предвидено да започне во мај, со капацитет да произведува во просек 175.000 целосно електрични возила.

Гурчан Каракаш, претседател на компанијата TOGG , кој го спроведува проектот за првиот турски автомобил, истакна дека најголемиот дел од изградбата на фабриката треба да заврши во рок од една година, објави турскиот весник Daily Sabah.

Тој рече дека еден милион возила ќе бидат произведени до 2032 година и дека новата фабрика ќе привлече 3,3 милијарди евра инвестиции во текот на следните 15 години.

TOGG, конзорциумот од пет најголеми компании во земјата, неодамна го претстави прототипот на својот прв домашен автомобил.

Објектот за производство на возила, којшто се наоѓа во Бурса, ќе биде паметна фабрика, рече Каракаш, истакнувајќи дека групата се консултирала со компании ширум светот во врска со производната линија.

Фото:Youtube