Наследничката на Disney предлага 50% од бонусите на директорите да одат за работниците со ниски примања

26

Абигјел Дизни, внука на ко-основачот на компанијата Рој Дизни и наследничка на бизнисот, во низа свои објави на социјалните мрежи го критикуваше раководството поради огромната нееднаквост во платите.

Таа предлага директорите на компанијата да распределат 50% од своите бонуси на вработените со најниски плати во медиумскиот гигант коишто ги има околу 200.000, пишува CNN.

Шест топ директори во Disney вклучувајќи го и извршниот директор Боб Игер, добија акции и опции како бонус чијашто комбинирана вредност минатата година достигна 62 милиони долари.

Според Абигејл доколку еден директор се откаже од половина бонус, тоа нема ништо да смени во неговиот живот, додека за луѓето кои се со ниски примања тие пари би значеле многу.

Колку за споредба платата на извршниот директор Игер достигнува и до 66 милиони долари што е за 1.424 пати повеќе од просечната плата на еден работник во Disney, којашто изнесува 46.127 долари

Фото: Pixabay