Наследникот на Безос од Amazon ќе направи информатички гигант

45

Основачот на најголемата онлајн продавница во светот, Џеф Безос од третото тримесечје на оваа година, диригентската палка по 27 години му ја препушта на Енди Џеси, еден од своите долгогодишни соработници.

Безос со овој потег покажува дека Amazon врти нова страница во своето работење. Со оглед на тоа што главниот извршен директор, Џеси досега го водеше одделот на Amazon посветен на развој на технологии во облак, аналитичарите сметаат дека тоа во иднина ќе биде главниот фокус, а не интернет продажбата.

Во рамки на објавените резултати на последниот квартал во којшто Amazon оствари рекордни 125,6 милијарди долари, првпат приходите надминуваат 100 милијарди долари, Безос смета дека е сега е “оптимално време“ за промена во водството.

Роден во Њујорк, 53-годишниот Енди Џеси работи во Amazon од 1997-ма година и на почетокот бил технички асистент на Безос. Како еден од неговите најблиски соработници, Џеси учествувал во трансформацијата на Amazon од интернет книжарница во интернет продавница, а е и еден од најголемите акционери со 0,2% удел.

Откако Amazon во 2003-та година го започна Amazon Web Services (AWS), Џеси ја презеде грижата за овој сегмент од работата. Со текот на годините AWS стана водечка компанија за услуги во облак со милиони клиенти и 45% пазарен удел.

Според него, пандемијата ја забрза транзицијата кон услуги во облак за неколку години. Освен ИТ работата во Amazon, Џеси е голем љубител на спортот, косопственик е на хокеарската франшиза Seattle Kraken, која што влегува во националната хокеарска лига, пренесува Пословни дневник.

Фото: Facebook