Многу луѓе мразат да донесуваат тешки одлуки. Стравот од носење погрешни одлуки доведува до период во кој воопшто не сме продуктивни и не размислуваме за ништо друго освен тоа, поради што се чини дека проблемот станува сè поголем и поголем. Честопати треба да донесете одлука помеѓу две подеднакво лоши опции. Ви пренесуваме совети на поранешниот претседател на САД Барак Обама, кои можете да ги користите кога сте во дилема.
Во тешките одлуки не постои стопроцентна сигурност
Обама ги охрабрува лидерите да го прифатат фактот дека носењето тешки одлуки често е игра на среќа. Тој самиот тврди дека за многу од проблемите со кои се соочил додека престојувал во Белата куќа, немало вистинско, правилно решение.
Во такви ситуации, коишто не гарантираат позитивен исход, тој ги повикува водачите да се “помират“ со решението дека нема да бидат 100% ефикасни. “Мора да разберете дека се занимавате со веројатности, во спротивно вашата желба да ги решите работите совршено ќе доведе до чувство на парализа. И во таква состојба нема да решите ништо на крајот “.
Формирајте тим на паметни, сестрани поединци
Една од причините што Обама лесно ги донел тешките одлуки е затоа што тој бил уверен во стручноста на неговиот тим. „Кога знаев дека ги имам сите информации, сите податоци и дека ја разгледувавме ситуацијата од сите агли – тогаш ќе се чувствував добро. Дури и да немав совршен одговор, ќе знаев дека носам најдобра одлука што секој може да ја донесе во мојата ситуација “.
Овој чекор е клучен, објаснува тој. Внимателната комуникација со вашиот тим – кога ќе ги слушнете нивните искрени мислења за проблемите со кои се соочувате заедно – може да ви помогне да донесете најдобра можна одлука. Навистина, истражувањата покажуваат дека компаниите и лидерите се поефикасни кога бараат туѓо мислење да ги тестираат нивните хипотези, наместо да донесуваат еднострани, неодобрени одлуки.
Прашувајте, не се преправајте дека разберете сè
Некои лидери сметаат дека ако немаат одговор, тие не се ефикасни. Обама не се согласува со ова. Која е поентата со советниците ако не можете да се потпрете на нив? Другите членови се особено важни кога не ги разбирате сите делови на проблемот со кој се соочувате.
„Јас секогаш им велев на другите, ако тие зборуваа за нешто комплицирано, дека не разбирам и да ми го објаснат на нормален јазик, на лаички начин“.
Во ред е да прашате колега која е поквалификуван да ви го објасни. Наместо да се преправате дека разбирате сè, поставете прашања кога нешто не ви е јасно, и искористете ја оваа можност да стекнете нови знаења.