Научете да се вреднувате себе си

26

samodoverba-pexels

Фото: Pexels

Првиот чекор кон успехот и остварување на желбите е самодовербата, затоа научете да се вреднувате.

Погледнете длабоко во себе

Самодовербата не е исто што и вообразеноста и суетата. Не станува збор за фалење и покажување на своите таленти, вештини и успеси. Самодовербата е поврзана со верувањето во самите себе и во вредностите што ги имате.

Некогаш е добро да се каже НЕ

Оние кои умеат да кажат НЕ и не чувствуваат вина поради тоа што знаат дека нивната одлука е оправдана се сигурни во себе и уживаат поголемо почитување и углед од околината.

Расчистете ги односите со надредените

Проблематичниот однос со претпоставените може да ја наруши вашата самодоверба колку и да сте сигурни во себе. Затоа, разговарајте со нив, дефинирајте ги очекувањата, границите и потребите на двете страни.

Поставувајте си предизвици

Решавањето на предизвиците го мотивира мозокот како и нивото на хормонот тестостерон, одговорен за зголемување на самодовербата, кој пак помага во полесно донесување на одлуки.

Вежбајте

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои вежбаат (барем два пати неделно) се чувствуваат задоволни и сигурни и имаат поголема самодоверба.

И облеката е важна

Ако се грижите за вашиот изглед, за тоа што го носите и негувате сопствен стил, самодовербата нема да изостане. Ќе бидете задоволни со вашиот изглед, а со тоа задоволни и со себе си. Позитивните вибрации ќе ги осетат и другите и ќе создадете добра слика за себе и кај останатите луѓе.

Бидете асертивни, не агресивни

Несигурноста е знак на намалена самодоверба и често резултира со агресивност- кон себе или другите. Наместо тоа бидете асертивни, упорни (не нападни), самоуверени. Концетрирајте се на ваквото однесување, слушајте се себе и делувајте во согласност со своите вредности и способности.