Научници открија антибиотик што убива високо – отпорни бактерии

30

Научници од MIT Универзитетот успеаја да направат алгоритам за машинско учење што генерираше лек наречен Halicin. Неговата специфичност е тоа што може да убие голем број различни бактерии, а тоа е постигнато на тој начин што ги спречува бактериите да развијат отпорност на лекот.

Научниците користеле база од 2.500 молекули, од кои 1.700 се наоѓаат во постоечки лекови, како и 800 молекули од природни производи коишто се спарени со база од 6.000 соединенија. Како резултат е добиен Halicin.

Сепак, далеку е денот кога Halicin ќе може да се добие на рецепт. Сега се прават лабораториски испитувања на животни, а потоа ќе се тестира и на луѓе, пишува Еngadet.

Фото: Pixabay