Научници развиваат батерии од урина што ќе бидат извор на евтина енергија

88

Urine Sample With GloveНаучници од Универзитетот во Бат, Велика Британија, работат на тоа да трансформираат урина во гориво, пишува Inhabitat. Тоа би значело евтини и одржливи батерии за оние делови од светот каде се најмногу потребни.

Научниците од Бат ги здружија силите со лондонскиот Универзитет Кралицата Мери и центарот за биоенергија во Бристол и нивното откритие покажува дека урината е многу помоќен материјал од распаднатите растенија и плодови што досега се користеле во технологијата. Бактериите во ќелиите поттикнуваат реакции на редукција и оксидација, произведувајќи електрична енергија што може да се искористи во форма на батерија.

Докторката Мирела Лоренцо, која е ко – автор на студијата за урината и нејзината моќ како гориво, вели дека овие батерии би биле најдобар пример за рециклирање. Тимот напорно работи на тоа да ги направи овие батерии посилни, подолготрајни и по можност подложни на полнење.