Научници развиваат респиратор што ќе чини 60 пати помалку од сегашните

79

Пред околу десет години, тим на студенти и научници од популарниот Институт за технологија во Масачусетс (МИТ) започнаа да развиваат едноставен и евтин респиратор чијшто делови чинеле околу 100 долари во тоа време. Тие направија значителен напредок во развојот и тестирањето, но проектот  беше прекинат.

Со оглед на тоа што во моментов има голема побарувачка за овие уреди кои спасуваат животи во време на коронавирус, нов тим на научници од МИТ се собра пред дваесетина дена да продолжи да работи на дизајнирање и развој на надграден прототип. На тимот им требаше помалку од недела да ги направат првите уреди подготвени за тестирање. Ќе треба да помине некое време евтините респиратори да станат достапни на пазарот, бидејќи за нивната употреба прво потребно е одобрување од Агенцијата за храна и лекови на САД. Во меѓувреме, тим на научници кои волонтираат на овој проект и се состои од инженери, физичари, компјутерски експерти… преку веб-страница, споделија информации за уредот и како работи, за да им помогне на другите да го развијат.

Клучниот дел е гумениот балон што се притиска со рака за да се даде вештачко дишење, наречен Ambu bag, кој одамна го има по болниците. Тој балон што се притиска со рака, се користи во многу итни ситуации, додека пациентот да се приклучи на механички вентилатор. Но и тој зафат е неопходно да го врши стручно медицинско лице.

Иновацијата што ја почнал тимот на студенти, треба да биде механички систем што може да го притиска и отпушта гумениот балон, бидејќи е невозможно таа постапка постојано да ја прават луѓе – оттаму и потребата од механички вентилатор.

Предизвикот е системот што ќе ја врши постапката да не го оштети гумениот балон и да може да се контролира, за количеството истиснат воздух и неговиот притисок да се прилагодат на секој пациент, бидејќи воздухот се внесува во белите дробови преку црево вметнато во дишните патишта.

Најголемиот предизвик пред дизајнерите на новиот евтин вентилатор е да се спречи можноста добронамерни изработувачи да го репродуцираат системот без да имаат клинички познавања или експертиза околу хардверот. Потоа, тимот сака да создаде софтвер што е отпорен на грешки, бидејќи е потребна голема прецизност при функционирањето.

Изработката на новиот вентилатор не би била работа што може да ја направи секој “направи сам“ ентузијаст.

Ако првичната идеја на научниците и студентите кои го започнаа проектот беше да направат респиратор со цена од околу 100 долари, цената на компонентите порасна, па денес делови за тој уред чинат помеѓу 400 и 500 долари, што сè уште е многу поевтино во споредба со класичните респиратори, кои можат да чинат и до 30 000 долари.

Фото: МИТ