Научници создадоа протетички раце што ги “гледаат“ предметите

21

raka

Фото: YouTube

Нова генерација на протетички раце, коишто на корисникот му овозможуваат автоматски и интуитивно да фати некаков предмет, се дизајнирани од страна на биомедицински инженери од Универзитетот Њукасл во Англија.

Тие развија бионичка рака што може да ги “види“ предметите пред неа. Раката ги детектира предметите со помош на камера и преку софтвер ги проценува и фаќа.

“Со користење на компјутерска визија развивме рака што делува автоматски. Таа е како вистинска рака, корисникот може да ја испружи и да земе некој предмет“, вели научникот Кианоуш Назарпур.

Проблемот со сегашните протетички екстремитети е тоа што се контролираат со помош на електрични сигнали кои мозокот ги испраќа до мускулите на екстремитетите и поради тоа не делуваат доволно брзо.
Тимот од Њукасл разви рака што е интуитивна, а ја вежбале користејќи софтвер за препознавање на различни предмети. Раката, исто така, може да одреди колку цврсто треба да го стисне предметот што претходно не го сретнала, а тоа го прави со помош на камера преку која ги гледа предметите.

“Ова е чекор до крајната цел, а најважно е што раката е евтина и ќе може наскоро да се имплементира. Нова протетика не е потребна бидејќи можеме да ја прилагодиме таа што ја имаме“, вели Назарпур.