Научникот кој ги поврза AstraZeneca и згрутчувањето на крвта добивал пари од Pfizer

125

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината AstraZeneca добивал пет години пари од конкурентската компанија Pfizer.

Според норвешките медиуми, Пал Андре Холм, кој стана славен по своите силни тврдења дека вакцината на AstraZeneca и Oxford предизвикува опасни згрутчувања на крвта, пропуштил во научното истражување што го потпишал да спомене дека добил повеќе од милион норвешки круни од Pfizer во последните пет години.

Насловот “Норвешките истражувачи кои стојат зад извештајот на AstraZeneca имаат врски со конкурентите“, објавен од норвешкиот портал Омни пред три дена, вели дека неколку истражувачи кои стојат зад извештајот на Норвешка за несаканите ефекти на вакцината против Ковид-19 на AstraZeneca, имаат финансиски врски со конкурентни фармацевтски компании.

Групата беше предводена од Пал Андре Холм, професор на Универзитетската болница во Осло, кој добил над милион круни во изминатите пет години од Pfizer и Bayer –  компании кои работат на развој на вакцини. Други тројца истражувачи исто така имале слични врски.

Сепак, тие негираа дека тоа има некаква врска со извештајот за згрутчувањето презентиран во New England Journal of Medicine, но во исто време признаа дека требало да бидат потранспарентни во однос на приходот.