Наумовски: Прерано е да се зборува дали мерката за оданочување на банките во Италија може да се спроведе во Македонија

58

Извршниот директор на АБИТ ( Академија за банкарство и информатичка технологија) и член на Советот на НБРМ, Синиша Наумоски, нема дилема дека предложената мерка за еднократен данок од 40 % на добивките на комерцијалните банки во Италија е во насока на скротување на инфлацијата .

За мерката која е резултат на значајното зголемување на каматните стапки  од страна на ЕЦБ вреди да се дебатира вели тој во кусо интервју за „Локално“, иако таа е многу неизвесна бидејки сè уште нема официјална верзија на законот.  

Според Наумовски прерано е да се говори дали ваква или слична мерка може да се примени кај нас. Имајќи ја предвид силината на нашиот банкарски сектор смета дека треба да се остави простор како таа ќе профункционира во Италија и каков ќе биде ставот на ЕЦБ во однос на оваа, според него, „високо популистичка мерка“.

-Кај нас, рано е да се говори за ваква мерка. Имено, до сега, не видовме официјална верзија на законот, ниту во Италија, што додава дополнителна неизвесност околу потенцијалните влијанија на оваа одлука. Но, добро е да се потсетиме на супер профитите, кои банките ги осварија во изминатата 2022 година. Тоа е добра база за отворање на дебата, тука кај нас, по основ на ваквите движења во земјите од ЕУ.

Лани сите 13 комерцијални банки, ја завршија годината со со вкупна добивка од 157,3 милиони евра, што, покажа раст во споредба со 2021 година од 5,7 отсто. Годинава, динамиката на таквиот раст е засилена, многу повеќе во споредба со одност 2022, наспрема 2021 година. Само големите 5 банки или т.н. топ 5 банки, лани имаа реализација од преку 105 милинои евра профит и вкупна актива во износ од 9,09 миијарди евра. Остатокот, од нешто повеќе од 2 милијарди евра му припадна на малите и средни банки. Од ова, деновиве во АБИТ изготвуваме анализа во насока на актуелните теми во Италија, за тоа, колку пари може да се очекуваат кога ваквата мера би се пресликала во македонската состојба со макроекономијата.