НБРМ: Блокирани сметките на над 122.000 депоненти во банките

20

bankarska smetka

Вкупниот број на блокирани сметки на депоненти во банките на крајот на февруари достигна 122.502, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Од нив, 77.569 се на физички лица, додека остатокот од 44.933 отпаѓаат на депоненти коишто се правни лица.

Еден месец претходно, блокада на сметките добиле вкупно 123.141 депоненти, а во истиот период лани таа бројка беше 99.688 блокирани сметки.