НБРМ: Девизните резерви во јули намалени за 314,9 милиони евра

10

nbrm-logo-pocetna

Вкупните девизни резерви заклучно со 31-ви јули оваа година беа на ниво од 2.273.300.000 евра или 314,9 милиони евра помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

На крајот на јуни оваа година, вкупниот износ на девизните резерви беше 2.399.900.000 евра или 126,6 милиони евра повеќе во однос на јули 2017 година.

Хартиите од вредност на крајот на седмиот месец од оваа година достигнаа 1.840.700.000 евра или 58,4 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (1.782.300.000 евра).

Месечен пад од 182,8 милиони евра е забележан кај валутите и депозитите, коишто на крајот на јули изнесуваа 189.300.000 евра.

Државното монетарно злато во јули достигна вредност од 239.000.000 евра или 2,1 милиони евра.