НБРМ: Девизните резерви во септември намалени за четири милиони евра

28

evra-aparat-za-broenje-pari-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 2.271.380.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Еден месец претходно, девизните резерви беа 2.275.420.000 евра, што е за четири милиони евра повеќе во однос на септември. Вкупните девизни резерви на крајот на септември лани беа на ниво од 2.699.000.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност 1.841.270.000 евра, што е за 2,1 милиони евра помалку во однос на крајот на август. Истиот период минатата година, хартиите од вредност достигнаа 2.164.870.000 евра.

Валутите и депозитите, на крајот на септември оваа година, беа позиционирани на 184.620.000 евра или 610.000 евра помалку во однос на претходниот месец.

Монетарното злато заклучно со крајот на септември оваа година имаше вредност од 241.260.000 евра, еден месец претходно 242.530.000 евра, додека на крајот на септември лани изнесуваше 259.020.000 евра.