НБРМ: Девизните резерви заклучно декември достигнаа 2,6 милијарди евра

22

Wads of euro banknotes are stacked at the GSA company's headquarters in Vienna

Вкупните девизни резерви на крајот на 2016-та година имаа вредност од 2.613.400.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Еден месец претходно државните девизни резерви беа на ниво од 2.551.400.000 евра или 62 милиони евра помалку во однос на декември. Во однос на истиот период 2015 година, девизните резерви се повисоки за 351,6 милиони евра.

Вредноста на монетарното злато на 31.12.2016 година беше 243.200.000 евра, што е за 5,1 милиони евра по малку во однос на претходниот месец. На крајот на декември 2015 година, монетарното злато беше на ниво од 212.800.000 евра.

Хартиите од вредност на крајот на 2016-та година достигнаа 2.101.400.000 евра, што е 46,3 милиони евра помалку во однос на ноември. На крајот на 2015-та година, вкупните хартии од вредност беа на ниво од 1.758.900.000 евра.

На сметката на валути и депозити заклучно со 31.12.2016 година се прокнижени 264.100.000 евра.