НБРМ домаќин на претставници на Хрватската народна банка

12

Во периодот 14-15 мај 2018 година Народната банка на Република Македонија беше домаќин на претставници на Хрватската народна банка. Одржаните работни средби се дел од веќе воспоставената плодна билатерална соработка помеѓу двете централни банки, овојпат со фокус на истражувачката дејност и економското моделирање.

Во рамки на средбите беа загатнати повеќе релевантни теми, како од аспект на организациската и функционалната поставеност на овој сегмент од централнобанкарското работење во двете институции, така и од аспект на актуелните истражувања коишто се на агендата на централните банкари и пошироката научно-истражувачка заедница во овој период.

Работната посета на Хрватската народна банка беше искористена како платформа за дискусии, заемна размена на искуствата и тековните практики, со надеж дека тие ќе придонесат за поттикнување нови идеи и за изнаоѓање модалитети за продлабочување на досегашната успешна соработка, вклучително и преку градење партнерски однос во идни заеднички истражувачки проекти, што е од интерес на економиите на двете земји.