НБРМ издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели

36

Народната банка на Република Македонија ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Година на петелот – петел со ангел и Година на петелот – ветроказ со петел.

WebBuilder_ReverseRooster

На аверсот на кованата пара Година на петелот – петел со ангел во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот 2017. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: Република Македонија и 100 денари.

WebBuilder_AngelRooster

На реверсот, во центарот на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над централниот дел на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис Среќна Година на петелот на англиски јазик.

WebBuilder_ReverseRooster (1)

На аверсот на кованата пара Година на петелот – ветроказ со петел, во центарот се претставени грбот на Република Македонија и натписот 2017. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: Република Македонија и 100 денари.

WebBuilder_WindSpinerRooster

На реверсот, во центарот на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – 2017. По должината на периметарот се наоѓа натпис Среќна Година на петелот на англиски јазик.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, и во кружна форма со димензија 38,61 мм. Цената на кованите пари Година на петелот – петел со ангел и Година на петелот – ветроказ со петел изнесува 3.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.