НБРМ: Измени и дополнувања за поголема флексибилност на банките при настап на девизен пазар

20

Советот на Народна банка на Република Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во коишто може да вложува овластена банка.

Измените и дополнувањата, како што се наведува, се однесуваат на трансакциите со деривативните инструменти на пазарот преку шалтер.

“Домашните банки ги користат трансакциите со деривативните инструменти на пазарот преку шалтер првенствено за потребите на управувањето со валутниот ризик и за потребите на управување со нивната девизна ликвидност. Досега, ваков вид на трансакции, домашните банки можеа без ограничување да склучуваат само со нивните матични банки, а со измената на одлуката, како друга договорна страна на домашните банки при склучување на ваквите трансакции, слободно ќе може да се јави било која друга странска банка“, стои во соопштението на НБРМ.

На овој начин, како што наведуваат од НБРМ, ќе се овозможат предуслови за подобрување во процесот на управување со ризиците од страна на банките и нивна поголема флексибилност во настапот на девизниот пазар.