НБРМ ја олеснува постапката за известување за кредитни работи склучени со нерезиденти

54

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) неодамна донесе измени во подзаконската регулатива од областа на евиденцијата и известувањето за кредитните работи склучени со нерезиденти, коишто пред сѐ се однесуваат на олеснување на постапката на известувањето.

Одлуката за начинот и условите за евидентирање и поднесување извештаи за склучените кредитни работи, како и упатствата за известување што се надоврзуваат, имаат за цел да придонесат за намалување на обемот на документацијата којашто се поднесува при доставување барање за поединечно евидентирање на кредитна работа.

Отсега натаму, задолжителни документи коишто се доставуваат до НБРМ се само: барање за евидентирање на кредитната работа, договор за заем (кредит) и правилно пополнетиот образец НД – 1 или НП – 1.

Документите коишто досега се доставуваа до НБРМ… повеќе не се задолжителни. Сепак, согласно со регулативата, во одредени специфични случаи, доколку НБРМ оцени дека е потребно, го задржува правото да побара увид и дополнителни документи, врз основа на кои би можела да се потврди точноста и квалитетот на податоците од обрасците за евиденција на кредитните работи склучени со нерезиденти.