НБРМ ја организира третата меѓународна истражувачка конференција

24

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) денеска и утре ја организира Третата меѓународна истражувачка конференција на тема: “На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување“, што ќе се одржи во Скопје, во хотелот Александар палас.

Оваа конференција, организирана по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, има за цел да ги поврзе истражувачите од академските институции и институциите што изготвуваат политики, да понуди дискусија заснована врз истражувања и совети кои ќе бидат релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот. Конференцијата ќе биде организирана во шест сесии коишто покриваат важни теми за централните банки, академските или истражувачките институции.

Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.