НБРМ: Раст на кредитирањето на фирмите во ноември

12

Структурата на кредитирањето во ноември покажува раст на кредитите на фирмите наспроти забележаното намалување во претходниот месец, покажува извештајот за најновите макроекономски показатели на Народната банка на Република Македонија.

“Вкупните кредити растат и во текот на ноември, но забрзано во споредба со претходниот месец. Структурата на кредитирањето во ноември покажува раст на кредитите на претпријатијата и натамошен раст на кредитите на домаќинствата со умерено послаба динамика во споредба со претходниот месец“, стои во извештајот.

На крајот на ноември, годишната стапка на раст на вкупните кредити е 7,9%, што е над проектираниот годишен раст од 7,7% за четвртото тримесечје на 2015 година. Во однос на септември, вкупните кредити се повисоки за 2.503.000.000 денари, што е 37,2% од проектираниот раст за четвртиот квартал.