НБРМ свечено одбележа седум децении централнобанкарско работење во Македонија

68

nbrm odbelezuvanje

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) свечено одбележа 70 години централнобанкарско работење во Македонија.

По тој повод, претседателот на Македонија ја одликуваше НБРМ со Орден за заслуги на Македонија. Орденот му беше врачен на гувернерот Димитар Богов на централната свеченост.

“Народната банка на Република Македонија е еден од столбовите на функционалната и компетитивна македонска пазарна економија. Во своето седумдецениско постоење и делување таа мина бројни предизвици ја оправда довербата на граѓаните. Поради сето тоа, како претседател на Република Македонија, чест ми е да ѝ се заблагодарам на Народната банка со Орден за заслуги за Македонија“, рече Претседателот Ѓорге Иванов.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов изрази задоволство што токму во неговиот мандат, Народната банка е одликувана со ова високо одличје, кое го смета за признание на сите заслужни личности што се вградиле во нејзиниот досегашен развој.

“Ова одликување е големо признание за целокупната досегашна работа на Народната банка. Тоа е силна потврда за капиталниот придонес што Банката со децении наназад го остварува за државата како носечка институција на монетарниот поредок и клучен стожер на макроекономската стабилност,“ рече Богов.