НБРМ: Усогласување на платежната статистика во Македонија со европските статистички стандарди

19

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) постојано го приспособува своето работење според најдобрите принципи и практики коишто се применуваат во рамки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), што е во склад со стратегиската определба на Република Македонија да биде членка на Европската Унија, соопштуваат од НБРМ.

Во овој контекст, со новите подзаконски акти, коишто го регулираат известувањето од доменот на платежната статистика, почнувајќи од јануари 2016 година, во значителна мера се постигна усогласеност на податоците со барањата од Регулативата за платежната статистика со новите подзаконски акти, коишто го регулираат известувањето од доменот на платежната статистика, почнувајќи од јануари 2016 година, во значителна мера се постигна усогласеност на податоците со барањата од Регулативата за платежната статистика бр. 1409/2013 на Европската централна банка.

Во согласност со нив, известувачите доставуваат месечни податоци за: сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите коишто прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи. Притоа, за првпат известувачите доставуваат податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата. На овој начин платежната статистика опфаќа и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички.

На ваков начин, новата рамка на платежната статистика придонесува кон остварување на една од стратегиските цели на Народната банка за обезбедување квалитетни статистички податоци, усогласени со европските статистички стандарди, а при тоа водејќи сметка за известувачкиот товар и нивната ефикасна, навремена и едноставна дисеминација до корисниците.