НБРМ: Вкупно 117.602 блокирани депоненти лани во декември

19

paricki-i-penkala-foter

На крајот на декември лани се блокирани вкупно 117.602 депоненти, од кои 82.263 се физички, а 35.339 се правни лица, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Во споредба со декември 2015 година, вкупниот број на блокирани депоненти* е 121.547. Од нив 77.005 се физички лица, додека 44.542 се правни лица.

Заклучно со ноември 2016, блокирани се вкупно 118.274 депоненти, од кои поголемиот дел се физички лица – 82.966, а 35.308 се на правни лица.

Заклучно со декември 2016 година, во Македонија се евидентирани 3.865.479 трансакциски сметки, од кои на физички имиња отпаѓаат 3.672.384, а на име на правни лица има 193.095. Еден месец претходно, вкупниот број на трансакциски сметки беше 3.882.165, додека во декември 2015 година изнесуваше 3.817.856.

*Под блокирани депоненти се подразбираат физички и правни лица, кои имаат отворено трансакциска сметка кај обезбедувачот на платежната услуга, за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата. Со блокирање на сметката од страна на обезбедувачот на платежната услуги, со примена на даночен број на должникот и неговото доставување преку единствениот регистар на трансакциски сметки до сите обезбедувачи на платежни услуги каде депонентот има една или повеќе сметки, се врши блокирање на сите сметки на депонентот што се водат под ист даночен број.