НБРМ: Заострени условите за кредитирање на фирмите во последниот квартал на 2014

21

Условите за кредити кај претпријатијата се заоструваат во последниот квартал од минатата година, покажуваат податоците од анкетата за кредитната активност на банките, објавен на Народна банка на Македонија.

Заострувањето на условите, како што се наведува, доаѓа од поригорозните барања за обезбедување на кредитите.

Според податоците од анкетата, условите за кредитирање на населението во тој период се олеснуваат.

Во наредниот период, банките очекуваат натамошно нето зголемување на побарувачката на корпоративните кредити со умерена поголема динамика во однос на очекувањата дадени во претходната анкета.