Кина повеќе не е најважниот надворешно-трговски партнер на Соединетите Американски Држави, а според последните податоци на американските статистичари, таа е надмината од соседното Мексико.
Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД.
Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во 2001 година, таа стана се поважен играч во надворешната трговија, а во 2014 година стана трговски партнер број еден на Америка, заменувајќи ја Канада.