Не е кошарка, фудбал или пливање – каков спорт ќе се воведе во руските училишта?

26

Спортот е многу важен за правилен психофизички развој на децата, но во овој случај Русија дава можност за воведување еспорт во училиштата.

Рускиот претседател Владимир Путин, според тамошните медиуми, дал поддршка за одржување е-спорт натпревари во руските училишта. Сепак, за многу родители ова не е најисправната одлука, а воведувањето на ваков “седечки“ спорт има за цел да ги “уништи предрасудите дека компјутерските игри се зло“, пишува Realnoe Vremya.

Кога ќе биде воведен еспортот во училиштата во Русија сè уште не е прецизирано, но јасно дека е потребна опрема за тоа.

Инаку, Русија е прва земја во светот што официјално го призна еспортот како спортска дисциплина уште во 2001-ва година. Подоцна, оваа одлука беше суспендирана и еспортот веќе не беше споменат во тој контекст.

Фото: Pixabay