Не е време за збогум – занаетчиите најдоа начин да ги вратат костумите

77

Добриот деловен костум секогаш ќе биде прашање на престиж, особено ако е скроен по мерка. Такво уникатно парче, сепак, не може да се најде во конвенционалните модни продавници.

Останувањето во карантин не само што значеше не одење на работа, исто така ги стави на “стенд бај“ костумите, фустаните, потпетиците… Милиони вработени почнаа да купуваат покежуал гардероба.

Покрај тоа, модната земја Италија, каде бизнисмените одат со години по најдобрите скроени одела, најсериозно се најде на мета на коронавирусот. Добрата вест е дека занаетчиите повторно почнаа да работат и имаат работа.
Бизнисмените ги посетуваат италијанските кројачи за совет, избирајќи совршен крој, материјал и дизајн, токму за нив. Тоа е ритуал, дел од деловните навики.

Liverano & Liverano од Фиренца мораше да го забави производството, но тие го насочија фокусот кон зајакнување на други аспекти на бизнисот. Тие отворија веб-страница и сега бележат раст на продажбата на Интернет.

Италијанците, сепак, не се единствените. Кројачот од Њујорк започнал да работи преку Zoom, односно испраќајќи им на клиентите примероци на облека. Некои бутици со деловни костуми работат, но го дезинфицираат  просторот по секоја посета на клиент.

Фото: Freepik